Пилинг од куркума за ‘златна’ кожа која зрачи со младоликост

 Во летниот период кожата бара особено внимание поради тоа што е изложена на бројни негативни фактори кои директно влијаат на нејзиниот изглед. УВ зраците, високите температури и зголеменотоплтење предизвикуваат видливи траги.

Се препорачуваат благи пилинзи два пати неделно, особено оние од природни билки, додека хеминките пилинзи со овопни киселини се препорачува строго да се избегнуваат бидејќи можат значителнода ја оштетат кожата.

 

Одлична домашна состојка која ќе ви помогне да ја одржувате кожата на лицето здрава и свежа е куркумата. Пилингот од куркума длабински ја чисти кожата, ја поттикнува циркулацијата и истакнува природниот блесок, ја намалува хиперпигментацијата и се бори против брчките. Се што треба да направите е да додадете пола лажица куркума во две лажици брашно, додадете и неколку капки вода да се направи густа смеса.

Нанесете ја на чисто лице и нежно масирајте. Овој пилинг се препорачува да се користи навечер откако ќе јанизвадите шминката.

Поради називот “златниот зачин на животот” кој куркумата го носи, со редовна употреба ќе забележите дека вашето лице ќе има златен сјај.




Коментари

коментари