Категории

Пингвин од Антарктикот поминал 3.000 километри до Нов Зеланд

Еден пингвин се појавил на брегот на Нов Зеланд, најмалку 3.000 километри оддалечен од своето природно живеалиште на Антарктикот.

Аделискиот пингвин, кого локалните жители го викаат Пинги, пронајден е загубен на брегот. Хари Синг, локалниот жител кој го пронашол, рекол дека на почетокот мислел дека се работи за плишана играчка. Ова е веќе трет забележан случај еден аделиски пингвин е пронајден на брегот на Нов Зеланд.

Тој ги повикал спасувачите бидејќи бил загрижен пингвинот да не влезе во водата, поради што би станал лесна мета за морските грабливци.

На крај, стигнал до Томас Страк кој веќе 10 години работи на рехабилитација на пингвини на Јужниот остров на Нов Зеланд.

Страк бил шокиран кога открил дека се работи за аделиски пингвин, вид кој исклучиво живее на Антарктичкиот полуостров.

Истата вечер со помош на ветеринар се погрижил за пингвинот. Анализите покажале дека бил дехидриран и гладен, поради што веднаш добил течност и храна. Птицата на крај ќе биде пуштена на една сигурна плажа на полуостровот Бенкс.

Прегледи:
491
Објавено на:
12.11.2021