Пино: На паркингот пред „Кале“ ми се смени животот!

alison pino i milorad minovski

Алисон Пино си замина од Вардар, но остана во цврста поврзаност со Македонија благодарение на нејзиното момче, кошаркарот Милорад Миновски. Пино веќе неколку месеци настапува во Крим и како најзвучно име во екипата е најпривлечна за словенечките медиуми. Спортскиот портал Екипа24 ѝ направи интервју во кое таа проговори и за приватниот живот. Раскажа на кратко како се запознале со Миновски и како прснала првата искра меѓу нив.

Тој е кошаркар, нивната екипа имаше сала на десет чекори од нашата. Така еден ден и двајцата завршивме со тренинг и се видовме на паркинг. И така почна сѐ. Тој доста зборува за спортот и споделува мислења и ставови за кошарката и за ракометот. Тоа многу ми се допаѓа“, вели Пино во интервјуто. Словенечкиот колега ја потпраша дали некогаш се натпреваруваат меѓусебно во еден од нивните спортови.

Понекогаш шутираме на кош, но не играме еден на еден, тој би ме ‘убил’“, се смее француската ракометарка.

Сезоната ја почна како ракометарка на Вардар, но иронично, првиот натпревар во „Јане Сандански“ ќе го одигра како противник на црвено-црните девојки. На само 20 години, во 2009 беше прогласена за најдобра ракометарка на светот и оттогаш ѝ се отворија вратите кон многу клубови. Одбра да оди во Влчеа, но вели не се снашла многу добро. Во Скопје уживала, но сепак за неа број еден е Париз, градот во кој пораснала.

„Го обожавам Париз, нуди безброј можности за слободно време. Исто така има голема култура и историја. Да сум турист би ги гледала Ајфеловата кула, музејот Лувр, би одела на Шанзелизе. Се сеќавам кога моето момче првпат го посети Париз се радуваше како мало дете“, завршува Пино.

 




Коментари

коментари