Категории

Писателот е минато: Ова е новиот избраник на Адриана Лима! (ФОТО)

Адриана Лима (38) е фотографирана во Грција на море со новото момче Емир Ујар (37). Една од најубавите жени во светот која на почетокот на оваа година стави точка на врската со турскиот писател Метин Хара, сега започна романса со богатиот бизнисмен, потпретседателот на Пермак групацијата.

Новопечениот пар уживал во крстарењето на Миконос, по што папараците успеале да ги „уловат“ враќајќи се оттаму.

Инаку, Емир е турски бизнисмен кој е роден во Германија, а на Универзитетот во Калифорнија стекнал мастер диплома по економија.

Семејството на Емир поседува ланец на луксузни хотели.