Категории

Писмо до секоја ќерка: „Драга ќерко, твоето срце е преполно со убавина“

„Не сакам никогаш својата вредност да ја проценуваш врз основа на својата надворешност. “

Откако тебе и твојот брат ве одведе во трговскиот центар како би ми овозможил малку да се одморам, твојот татко се врати дома со огромна насмевка на лицето. Прво помислив дека се смее поради тоа што е задоволен од својот живот и семејство кои многу ги сака. А потоа рече: „Да ти раскажам што направи твојата ќерка..“
Кога го кажа тоа нешто, првото нешто кое го помислив е дека сигурно си направила нешто лошо ил нешто многу смешно.

Ми раскажа дека си ги држела цврсто него и твојот брат за рака за да не ги изгубиш. Си забележала како те посматра некое седумгодишно момче (малку престаро за тебе, бидејќи ти имаш само пет години). Го уловил твојот поглед и се обидол да ти се насмевне за да го добие твоето внимание, а кога ти си му возвратила, се сопнал и се спружил на подот колку што е долг.

Неговата мајка и баба му помогнале да стане, цело време смеејќи се на оваа симпатична случка. Татко ти ми кажа дека си се загрижила дека можеби нешто му се случило.
Драга моја ќерко, ти си преубава. Тоа е дарот кој го доби.
Но, има нешто кое што мора да го знаеш.
Убавината не извира од длабочината на твоите сини очи и совршено мазна и сјајна кожа.
Иако денес масата наметнува каква облека да носиш и како да изгледаш, знај дека дојде ден кога ќе го мразиш својот изглед или некоја своја постапка.

Не сакам никогаш својата вредност да ја проценуваш врз основа на својата надворешност. Како мајка, можам да ти ветам дека твојот изглед ќе се промени многу пати, дури и откако ќе родиш. Сето тоа е составен дел од животот, а она што ти преостанува е да се сакаш себеси и да уживаш во тие мигови.

Сепак, сакам да ти кажам дека секогаш ќе останеш вистински прекрасна.
Убавината извира од насмевката која ти сјае на лицето и подготвеноста да ја споделиш со другите. Прекрасна си додека те посматрам како го прегрнуваш својот брат и му читаш книги.
Ти си преубава кога нежно ме допираш по рамото и ме прашуваш дали сум добро додека се кријам во кујната плачејќи затоа што твојот брат е немирен.

Убавината е во она кое го правиме, а не во тоа како изгледаме. Да се биде убав е способност да го поттикнеш друг да се загледа во себе и да сфати дека е вреден.
Тоа го правиш тогаш кога своето време го посветуваш во градењето на пријателствата со осамените, кога почнуваш разговор со некој кого не го познаваш; кога си спремна да се спуштиш за некого да издигнеш, и покрај се, кога си спремна да прегрнеш некого и да му дадеш до знаење дека не е сам на овој луд свет.

Вистинската убавина е плод на пружењето љубов кон другите. Со секое ново дело направено од љубов, стануваш се поубава и поубава.
Сигурна сум дека во овој живот ќе сретнеш многу млади момчиња кои ќе се сопнуваат поради твојата прекрасна насмевка.
Но сакам да запомниш дека убавината не се должи на твојот надворешен изглед, туку на она што е проткаено во длабочината на твоето срце. И колку повеќе ќе го делиш со другите, толку повеќе ќе стануваш се поубава!

Прегледи:
466
Објавено на:
24.02.2020