Категории

Писмо до сите оние кои поминуваат низ проблеми и тешки времиња

Во животот често се соочуваме со предизвици, а уште почесто мислиме дека нема излез. Всушност, тоа е сосема поинаку – секогаш постои излез. Сетете се на ситуации од минатото кои ви претставувале проблем – сега, или исчезнале од вашето сеќавање или се сеќавате на нив со смеа, или служеле како значајно искуство.

Не грижете се за работи на кои не можете да влијаете, но и кога ќе се појават секојдневни проблеми, бидете свесни што е најважно. А најважните во оваа приказна сте ВИЕ – вашите емоции, душа, здравје и љубов кон себе. Прочитајте го следното писмо доколку моментално се соочувате со некои препреки во животот или се плашите дека ќе се појават.

Запомнете еднаш засекогаш:

Животот е еден! Тој е твој!

Не слушај никого.

Другите не знаат ништо за..

Вашите емоции и страдања

Вашите рани, љубов, разочарувања.

Не знаат што имате во душата, во срцето.

Не знаат да ти ја стоплат душата.

Другите не можат да знаат што ви треба.

Не можат да ти го сменат животот.

Тие не ги знаат вашите соништа, не ја гледаат вашата болка.

И никогаш не можат да бидат во твојата улога!

Во вашиот живот само вие имате право да одлучувате.

Земете го она што ви се нуди, гледајте само на она што е добро.

Разговарајте со себе, слушајте го своето срце.

Плачете кога сакате, викајте ако ви е полесно,

И се ќе заврши со насмевка.

Држете ја цврсто својата душа како нешто најскапоцено.

Подарете ѝ нешто што ќе ја направи среќна.

Погледнете се во очи и прегрнете се.

Смејте се, плачете и сонувајте!

И не плашете се, љубовта е на ваша страна!

Сакај се себе си!

Само тогаш ќе разберете што значи да се живее!

Прегледи:
669
Објавено на:
22.10.2021