Писмо кое го напишала СРЕЌАТА

Ако го читате ова писмо – значи дека веќе пристигнала.

„Сега ќе почнам поприлично да расправам затоа што имам и за што. Имам прилично многу години, нити сама не се сеќавам колку. Веројатно сум постоела отсекогаш. Сите велат: „Среќа, среќа..“. Трчаат во потрага по мене, бараат, сонуваат за мене. А јас никаде не се сокривав. Секогаш сум тука и само чекам да ме забележат. Но како ќе ме забележат кога поголемиот дел не ни знаат како изгледам?

Најчесто не ме забележуваат, затоа што секој ме замислува по свое. За некого сум торта со шлаг, за некого – уживање во природа, за други сум слава и богатство, а за некои среќа е кога некому ќе му се случи несреќа. За жал, постојат и такви. И покрај се, јас немам свое гнездо, лутам по светот и барам.
Со радост би се вселила кај секого, чукам на сите врати, но не секогаш ме пуштаат внатре.

Несреќата некако сите веднаш ја препознаваат, а мене, од некоја причина – не. Знам, дека многу и самите ме бараат, и на многумина сум им веројатно пред носот, но најчесто обично ме разминуваат без да ме забележат. Или не ме препознаваат? Или можеби ме бараат на друго место.

На пример многумина бараат среќа во бракот. Или на работа, или во децата. Секако, јас сум тука, поракј. Но тогаш ако се случи да ви се одземе бракот, работата или децата, јас исчезнувам заедно со нив и ќе бидете несреќни? Но тоа е погрешно.

Среќата е природната состојба на човекот, само да знаете.

Многумина сега седат и размислуваат: „Еве, велат, тоа биле среќни времиња..“ Но, ако се сетите како се однесувале тогаш – веројатно не се во право. Тие и во тие среќни времиња, биле незадоволни од нешта, сето време им недостигало нешто за среќа. Дури со текот на годините сфатиле дека тоа сум била – јас. Само доцна. Така седат и се предаваат на спомените.

А другите само сонуваат што им недостига за потполна среќа.
Некому куќа, станови, некому автомобил, некому неколку милиони евра, некому идеална љубов… Па, ќе ви го кажам ова: На човека секогаш нешто му недостига! Дај му веднаш се што сака – ќе биде среќен месец, два, потоа ќе се навикне и ќе почне да бара нешто ново, за повторно да биде среќен. Ех, тешко е со вас луѓето.. Колку бесмислици кажуваат за мене.

Минатото најчесто го сожалуваат, а за иднината – се грижат. А таму каде што е сожалувањето и грижата, јас не живеам, не сме компатибилни, што да се прави.

Еве што ќе ви кажам:
Ако сега го читате моето писмо – значи дека имате очи, а тие гледаат. Зарем тоа не е среќа? Ако сте слепи, и ако некој ви го чита ова писмо, значи дека имате пријател, некој кој ве сака. Тоа е среќа! Да дишеш, да чекориш, да гледаш, да чувствуваш.. – да, сето тоа е среќа! Жолтите лисја кои паѓаат од дрвата – убавина, среќа! Снегот кој ја покрива земјата – чистота, среќа! Жуборот на потоците, мирисот на тревата, цветовите на цвеќињата – зарем тоа не е среќа? Утрово сте се се разбудиле, сте ги отвориле очите (затоа што некој не), сте станале на две нозе (затоа што некој не).. – Зарем е малку? Зарем тоа не е среќа?

Секогаш сум покрај вас!

Чекорам покрај и шепотам: „Застани за миг и погледни околу себе. Еве ме, јас – твојата среќа!“ Но, за жал, малкумина ме слушаат. Ќе ви ја откријам мојата голема тајна: поврзана сум за времето. Мене ме нема таму во минатото – тоа се само спомените. И во иднината ме нема – тоа се само слатки соништа. Секогаш сум во сегашноста.

Сега ви се обраќам вам, луѓето:

Пуштете ме внатре, се уморив да лутам по светот без свое гнездо. Ајде да живееме по законот:
„Човекот е сопственик на својата среќа!“. Сонувам само за тоа, да дојдам кај некој и да останам целиот живот со него. Барем за миг запрете го своето вечно трчање, свртете се и ќе ме погледнете. И ако сакате, кажете им за мене на своите пријатели, оние кои ви се особено драги. Нека и тие го чујат мојот очаен крик. Направете добро дело, а нив ќе им биде драго. И којзнае.. Можеби ќе слушнат и ќе ме забележат, мене, конечно.

И на сите ќе бидам – Среќа!




Коментари

[fbcomments]