Категории

Писмо на една 83-годишна баба кое ќе ве освести

Бабата наводно писмото го напишала и испратила до својата пријателка, а дури и ако е измислено, навистина е поучно и открива како да направите разлика помеѓу важното и неважното.

„Драга Берта,

Повеќе читам, помалку бришам прашина. Седам во двород и му се восхитувам на погледот, а плевелот веќе не ме нервирам. Поминувам повеќе време со своето семејство и пријателите и работам помалку.
Колку е тоа возможно, животот треба да биде збир од пријатни искуства а не издржливост. Сега се обидувам да ги препознаам тие мигови и да ги ценам. Не штедам ништо, користиме добар кинески порцелан и кристал за секоја посебна прилика како што е губење на килограм или првите процветани ириси.

Го носам моето најдобро сако на пазар. Мојата теорија е таа ако изгледам успешно, можам да потрошам 28 долари на една мала кеса со намирници. Не го штедам својот најдобар парфем за специјални мигови, го носам и за на продавница.
„Еден ден“ и „наскоро“ изгубија вредност во мојот речник. Ако нешто е вредно да го видам, слушнам или направам, сакам да го видам, слушнам, и направам веднаш.

Не знам што би направиле другите кога би знаеле дека нема да бидат тука утре, и дека го земаме здраво за готово тоа. Мислам дека би ги побарале своите најблиски, можеби и некои поранешни пријатели за да им се извинат и да ја срушат оградата од минатото.
Би ми било жал ако не ги напишев овие неколку писма до моите пријатели кога би знаела дека деновите ми се одбројани. Би ми било жал што на мојот сопруг и семејство не им кажував колку ги сакам.

Се трудам на де штедам, да не задржувам, да не одлагам било што би донело насмевка во мојот живот. И секое утро кога ќе ги отворам очите, си велам на себеси дека тоа е нешто посебно. Секој ден, секој миг, секој здив е подарок.
Можеби нашиот живот станал поинаква песна од онаа која сме ја замислувале. Но додека сме тука, и понатаму можеме да танцуваме.“

Прегледи:
489
Објавено на:
25.12.2019