Категории

Писмо наменето за вас: Порака на една млада жена која ги стопли срцата на милиони луѓе ширум светот

Престанете да мислите дека секој ден треба да ги преместувате планините за да ја докажете својата вредност. Понекогаш единствено нешто што треба да направите е да ги отворите очите.

 

Зборовите на оваа млада жена ќе ви ја стоплат душата и ќе ве потсетат колку навистина вреди вашата насмевка, солзи и енергија…

Џоди Ен Бикли е храбра млада жена која во 2011 година, страдала од тешка инфекција на мозокот, на само 22 години. Тоа биле моменти кои засекогаш и го промениле животот. После тешките последици кои оваа болест и ги наметнала, Џоди морала повторно да научи да чита и оди. Но ова, само било почеток на нејзината битка. Имала само два избора: да се откаже или времето кое и останала да го искористи да направи нешто значајно.

Таа одлучила да си го промени животот, со оваа нејзина одлука таа ги трогна срцата на милиони луѓе ширум светот. Во нејзината книга “Милиони убави писма” е претставена борбата на една жена кон закрепнување и доказ дека зборовите можат да го излечат и срцето и умот.

Ова писмо е напишано за вас

За вас, кои имавте напорна недела, кои се чувствувате како да одите под темни облаци, кои мислите дека сте невидливи, кои имате многу пријатели, но постојано се чувствувате осамено.

За вас, кои имате потреба за момент да се запре ротацијата на Земјата за да го фатите ритамот. За вас, кои постојано го оставате вашето срце во несигурни раце. За вас, кој повторно ќе им дадете шанса на оние кои не ја заслужуваат, за вас кои сте ја изгубиле својата вера поради нив.

За вас, кои наутро посакувате да не се разбудите, за вас, кои ја изгубивте личноста која би ви го кажала сето ова кога би била тука.

За вас, кои ги спојувате сите заедно, за вас кои сеуште не сте преболеле и сметате дека никогаш и нема. За вас, кои секогаш се обвинувате себе си.

Вие. Вие сте неверојатни. Вие го правите светот поубав. Затоа, во името на целиот свет сакам да ви се заблагодарам. Никогаш немојте да престанете да бидете љубопитни, во себе имате голем потенцијал и толку многу работи кои тек треба да ги направите. Без разлика дали станува збор за ситници или големи достигнувања – направете го тоа.

Понекогаш сме толку преокупирани со нашите маани што ги забораваме нашите доблести, кои залудно ги губиме.

Не треба секојдневно да правите работи кои ве плашат, направете барем една работа која ве прави среќни. Тоа не мора да биде нешто големо – сепак направете го тоа бидејќи сте прекрасни кога се смеете.

Можеби мислите дека сето ова се глупости, но верувајте ми никој на земјава не ист ко вас. Вие сте драгоцени. Престанете да мислите дека секој ден треба да ги преместувате планините за да ја докажете својата вредност. Понекогаш единствено нешто што треба да направите е да ги отворите очите. Никој не заслужува повеќе од вас да биде овде. Вие ја заслужувате цела среќа.

Вие сте си доволни.