Категории

Писмо од една самохрана мајка: Да ги научиме нашите ќерки да не се плашат од ништо!

Писмо од една 45-годишна самохрана мајка која одекна во светот:
„Треба да им ги кажуваме некои нешта на нашите ќерки. На пример, вистината. Можеме да почнеме од тоа да им објаснеме дека љубовта не е зелено поле опкружено со виножита и сладок бакнеж на дожд. Треба да им кажеме дека љубовта сепак не е се. И дека на неа може да и дојде крајот. И да, за жал, без финансиска независност, нема нити емотивна независност.“

Неименувана 45-годишна самохрана мајка на две деца во пубертет од Италија објавила отворено писмо на блогот SOS Donne упатено до ќерките кое одекна во светот.

Нејзината исповед ја пренесуваме во целост:

„Треба да им ги кажуваме некои нешта на нашите ќерки. На пример, вистината. Можеме да почнеме од тоа да им објаснеме дека љубовта не е зелено поле опкружено со виножита и сладок бакнеж на дожд. Треба да им кажеме дека љубовта сепак не е се. И дека на неа може да и дојде крајот. И да, за жал, без финансиска независност, нема нити емотивна независност.

И да, тоа треба да биде нивната прва цела: самостојност, независност и слобода. Наша е должноста да ги подтикнеме на тоа и самите да одредуваат кој ќе бидат и што ќе прават.
Мораме да им кажеме дека не смеат да трошат премногу време, пари и енергија за да го изградат бракот од соништата. Бајките еден ден завршуваат а човекот е она што останува.

Мораме да им кажеме дека можат да се облекуваат како што сакаат и притоа да бараат другите да ги почитуваат. Мораат да се осмелат да делуваат и секогаш да вежбаат храброст.

Мораме да им кажеме да влезат во конфликт со стравот затоа што никогаш не е решение да се затворат во домот, да облечат долги здолништа за да се чувствуваат заштитени и да ги следи машко друштво. Решение е да се обидат да ја променат ситуацијата. Мораме да им кажеме дека не се помалку вредни од мажите во нивната близина. И никој не смее да ги предизвикува , искористува и удира. Ниедна постапка на жените нема да ја оправда нечие насилство.

Мораме да им кажеме дека мораат да продолжат со борбата за своите права, со цел секоја жена еден ден да има своја слобода на избор. Мораме да им кажеме дека ако не сакаат секс или било што друго, едноставно да кажат НЕ. Љубовта не се мери со попуштањето.

Мораме да им кажеме дека имаат клиторис и дека можат да уживаат во него. Во тоа нема ништо лошо. Можат да го бараат и сопственото задоволство како што и мажите прават а после тоа да не се чувствуваат валкано.

Мораме да им кажеме дека никогаш не смеат да чувствуваат непријатност да го искажат своето мислење. Мораме да ги научиме да бидат сестри и да не се судат една со друга. Мораме да им кажеме да се држат заедно и да се помират со тоа дека овој свет е место на кое мораат да делуваат.

Мораат да учат да бидат свесни. Мораме да им кажеме да бараат маж кој ќе се држи до своите ветувања. Зборот „Те сакам“ не е предодреден само за мажите. Мораме да им кажеме дека не сме хистерични и плачливи во ПМС, дека не сме ружи кои гледаат романса во се, дека не патиме од прстенот на раката и аморовите стрели. Ни од романите во кои се појавува тој и се завршува добро. Љубовта сепак не е доволна.

Мораме да ги научиме нашите ќерки да вежбаат самотија и дека тоа е патот со кој се соочуваат со постоењето. Мораат да знат дека можат да ги анализираат ризиците и притоа да не се плашат само затоа што се „нежно женско“.

На крајот мораме да им кажеме да вежбаат храброст. Силата е во нив и им припаѓа колку и на мажите. Нека не се плашат од ништо. Во нив се крие се што им е потребно.“

Прегледи:
476
Објавено на:
27.10.2021