Категории

Писмо од папата Иван II – „Ви благодарам жени што сте жени!“

За жените – мајки, сопруги, работнички. Ви благодарам што постоите!

„Ти благодарам тебе, жено-мајко, која си крило на човечкото суштество во радост и мака на тоа единствено искуство, по кое си Божја насмевка на лицето на детето кое доаѓа на свет, водилка во неговите први чекори, поддршка во неговото растење, поткрепа на животниот пат.

Ти благодарам тебе жено-сопруго, која нескржаво ја здружуваш својата судбина со судбината на мажот во однос на взаемното дарување, во служба на заедништвото и животот. Фала ти тебе жено-ќерко и жено-сестро, која во семејството и целокупниот друштвен живот ги даруваш богатствата на својата сензибилност, интуиција, великодушност и упорност.

Ти благодарам тебе жено-работничке, која си вработена во сите подрачја на друштвениот живот, економскот, културниот, уметничкиот, политичкиот, за допринос неопходен во развојот на културата способна да ги споиш разумот и чувствата.
Ти благодарам тебе посветена жена која по примерот на најголемите жени чекориш напред. Мајка на Христос, послушно и верно отворајќи се кон љубовта на Бог, помагајќи и на Црквата и целото човештво. Ви благодарам жени, за самиот факт што сте жени!“

Прегледи:
500
Објавено на:
17.03.2020