ПИСМО ШТО СЕКОЈА МАЈКА ТРЕБА ДА И’ ГО ИСПРАТИ НА СВОЈАТА ЌЕРКА

Драга моја кукличке,

Знам дека си тажна. И исплашена. Не знаеш која си и каде одиш. Или можеби знаеш, но пак си тажна и исплашена. Погоди што? Во ред е. Во ред е да бидеш тажна и исплашена. Бидејќи животот е страшен. Така што, ако сакаш да плачеш, плачи. Никој нема да ти рече дека не смееш да плачеш.

Откако ќе престанеш да плачиш за тоа момче, интервју, или било што, или пак ништо… Без разлика на причината, откако ќе се исплачеш, обиди се повторно да станеш на нозе. Измиј го твоето лице. Направи си чај. Пушти ја твојата омилена песна и танцувај. Биди своја. А утре кога ќе се разбудиш, те предизвикувам да пронајдеш место за среќа. Можеби си се’уште тажна, и можеби ќе бидеш подолго време. Но тоа не значи дека не можеш да се смееш или да ја видиш убавината во работите околу тебе.

Запомни ги овие моменти на крајот на секој ден, запиши ги. Направи си листа на работи за кои си благодарна – работите кои го прават животот вреден за живеење: добрата музика. Лошата музика. Оние малечки, досадни и засрамувачки пораки од мама и тато. Студените денови кои те инспирираат да јадеш многу супа. Сончевите денови кои траат подолго отколку што очекуваш. Момчето кое бакнува совршено, и прави да се чувствуваш како да си на седмо небо. Ноќите кога не можеш да се изнаспиеш.

Оди на прошетка со твојата пријателка. Оди на јога. Обиди се да се искачиш на планина. Можеби ќе научиш дека имаш страв од височини, или пак можеби ќе добиеш мотивација да се искачиш на Монт Еверест. Напиши поезија. Напиши за тоа како се чувствуваш. Цртај. Направи грд цртеж. Обиди се да плетиш. Едноставно, направи нешто. Можеби ќе откриеш работи за себеси или причина за да се насмеееш.

Оди погледни некој филм, но немој само да ги гледаш; анализирај ги. Излези со своите пријатели. Оди на состаноци. Остави го да те однесе на вечера и да се воодушевува од твојата убавина и интелект. Прифати ги неговите комплименти и не дозволувај да те дефинира. На крајот на вечерта, заблагодари му за вечерата и разговорот – не го бакнувај доколку не сакаш.

Не се грижи. Живеј. Диши. Порано или подоцна ќе дознаеш која си и што сакаш; верувам во тебе.

Те сака, мама




Коментари

коментари