Категории

Пивото содржи состојка која помага во слабеењето

Неодамна научниците откриле уште една здравствена предност на пивото – тоа содржи органско соединение познато како каснтохумол, флавоноид кој природно го има во хмељот и кои може да помогне во губењето на килограмите и борбата против дебелината.

Тестовите покажале дека тој помага во намалување на холестеролот и нивото на шеќерот во крвта.

Сепак, пиењето пиво нема да ви помогне да ослабете, бидејќи една кригла пиво содржи 0,0757 милиграми каснтохумол, а за да ја внесеме потребната количина која ни е потребна за слабеење треба да испиеме 3.500 кригли дневно.

Истражувачите наведуваат дека во иднина може да се креира концентриран облик на ксантохумол во суплемент кој може да се користи во третирање на метаболичкиот синдром и намалување на факторите на ризик од срцеви заболувања, дијабетес, срцеви удари…

Прегледи:
220
Објавено на:
01.05.2016