Категории

Плата од 24.400 евра месечно за чување овци во Шкотска (ВИДЕО)

Се појави необичен оглас за работа од најсеверниот остров на Шкотска. Се бара овчар кој ќе треба да чува редок вид на шкотски овци – оркни.

Работата е 35 часа неделно. Платата изнесува 24 400 евра месечно. Тој што ќе ја прифати работата ќе мора да остане во работен однос 3 години.
Овој редок вид на овци се храни со алги кои ги има во изобилство на овој остров. Освен еден вид на гуштери од Галапагос, овие овци се единствени животни кои можат да преживеат јадејќи само морска трева.
Освен тоа, овие овци се исклучително ретки. Тие се сметаат за загрозен вид.
Неопходно е да има чувар на овците затоа што потребно е на островот да се обнови посебен дебел ѕид кој ги чува земјоделските површини од овците, како тие не би ги уништиле. Освен тоа, ѕидот ги штити и овците од труење со бакар.
Затоа е потребна личност која нема да дозволи овците да преминуваат преку оградата, да јадат погрешни билки или пак да се изгубат.
Покрај другото, овчарот ќе треба да спречи парење на оваа специфична врста овци со други врсти.
Сето тоа е многу важно за овој вид чие месо носи ознака за заштитено потекло и се смета за деликатес.

Прегледи:
1690
Објавено на:
13.07.2019