Категории

Плата за спиење? Може!

Во овие модерни времиња потрагата по работата од соништата се чини невозможна. Секогаш нешто недостига: задоволство oд работното место, ниска плата или непријатна работна средина.

Стресот и состојбата на брнаут се претворија во најнормална појава кај сите вработени. Токму поради ова, Дормео реши да отиде чекор понапред во пазарот на вработување и ја креираше РАБОТАТА ОД СОНИШТАТА.

Работното време е 8 часа и се работи за само 1 работен ден, а платата за работното место од соништата изнесува точно 10.000 ден.

Потребните квалификации вклучуваат:

– тешко будење наутро

– редовно притискање на снуз копчето

– заспивање по брза постапка

– способност за ефикасно дремење

– повеќе години работно искуство

Со отворањето на овие работни места, Дормео ќе обезбеди фер шанса за вработување, разумно работно време и одлична плата на неколку кандидати. Единствено што треба да направите е да се пријавите на www.spijaci.mk

Разбудете се со 10.000 денари под перницата на ова работно место од соништата (или не се пријавувајте, поголеми шанси за нас).