Категории

24-ри платени сметки за струја за социјално загозени семејства во рок од 5 часа

Акција која ги надмина очекувањата на Ways2help заедницата и уште еднаш ја докажа хуманоста на нашиот народ.

Како последица од целосната ситуација настаната со светската пандемија, одредени семејства беа соочени со дополнителни трошоци за кои не се во можност да обезбедат финансиски покритија. Мотивирани од предизвиците на тие семејства Ways2help решија повторно да помогнат, овој пат  дирекно да обезбедат начин за финансиска поддршка.

Започна уште една акција која беше предвидено да трае во текот на целиот месец. Повторно во соработка со Вистински Дела на Љубезност овој пат младите хуманисти обезбедија неплатени сметки за струја на 6 социјално загрозени семејства. Но, нивните очекувања беа далеку од надминати кога за време на првите 3 часа по најавувањето на новата акциија беа платени 19 сметки, а веќе два часа подоцна и преостанатите сметки објавени на нвната страна плати сметка.

 

Преку само неколку едноставни чекори, до помош која за некој има огромно значење. Посетувајќи ја страната на Ways2help – Плати сметка, одбирате семејство и фактура чиј износ можете да го покриете, потоа ги копирате потребните информаци и притискате плати, го следите процесот на наплата и  на крај прикачувате слика или screenshot од успешната уплата. На овој начин 20 донатори ги исплатија сметките за социјално загрозените смејства.

 

Волонтерите од Ways2help заедницата веќе најавуваат и втор дел од оваа акција и дополнително во наредниот период планираат да објават повеќе информации за семејствата на кои им била обезбедена помош. Неизмерно се благодарни на поддршката и се надеваат дека во иднина ќе продолжи да се зголемува бројот на успешни акции.

Останете во тек и бидете дел од новиот бран на хумани подвизи од страна на оваа заедница.

Прегледи:
152
Објавено на:
11.09.2020