Категории

Плажа претворена во училница – Иновативен начин како учениците да посетуваат настава безбедно

По повеќе од една година учење на далечина и училници каде што се практикува физичко растојание, еден шпански регион сфати како да се направи наставата во услови на пандемија безбедна, но исто така привлечна за учениците.

Тоа е училница на плажа. Училиштето на плажа навистина звучи како приказна од соништата, но тоа е реалност во регионот на Мурсија, каде што престојот на чист воздух е комбиниран со нови методи на учење. Учениците од училиштето Феликс Родригез де ла Фуенте седат на уредно наредени зелени маси пред преносна табла на песочната плажа Плаја де лос Нијетос. Некои од нив се боси и ги туркаат нозете во песок додека свират ксилофон на час по музика. „Безбедно е, а децата се забавуваат“, вели наставникот по англиски јазик Хуан Франциско Мартинез. „Тие не забораваат што учат тука“, додаде тој. Овој начин на настава е дел од проектот „Свеж воздух“, кој има за цел да обезбеди подобар квалитет на воздухот за децата за време на пандемијата „Ковид“, кој вклучува учење на отворено.

Наставниците започнуваат со подготовки на плажа во 8 часот наутро, со осум паралелки кои учествуваат во 20-минутни часови и групи ротираат низ различни предмети. Децата кои учествуваат во оваа форма на настава имаат помеѓу 3 и 12 години, а досега нема пријавено ниту еден случај на коронавирус меѓу учесниците.
„Сакам да одам на плажа затоа што таму сум порелаксиран и ми е поудобно“, вели деветгодишниот Антонио Фернандез. „Ова е многу добро затоа што можам да бидам со пријатели, на плажа сум, сакам да бидам таму. Во лето, секогаш доаѓам на оваа плажа да пливам и го сакам овој песок “, додава Луз, десетгодишник. Но, не станува збор само за тоа. Покрај редовната настава, децата учат и некои други вештини на патот, како што е риболов. Локалните рибари им ги покажаа мрежите и како да ловат.

Прегледи:
385
Објавено на:
10.05.2021