Категории

По повод Светскиот ден на дијабетесот, Баланс МК одржа настан под мотото „Добра контрола на дијабетесот = Среќно семејство“

Асоцијацијата на детски дијабетес на Македонија – Баланс МК, во саботата на 10. ноември, во СЦ „Борис Трајковски“ организираше настан по повод Светскиот ден на дијабетесот – 14. ноември. Под мотото „Добра контрола на дијабетесот = Среќно семејство“ присутните имаа можност да добијат податоци за детскиот дијабетес во нашата земја, новини во контролата на крвниот шеќер, терапијата, како и стратешки планови за подобрување на состојбата и справувањето со оваа болест во Македонија.


На настанот присуствуваа и Министерот за здравство Venko Filipce, Директорот на ФЗОМ г-динот Dan Doncev, како и докторите и професорите од Детска Клиника за ендокринологија, како многу деца кои боледуваат од дијабетес. Во вториот дел од настанот следуваше дружењето и забавата со децата со дијабетес.

„Во пресрет на Светскиот ден на дијабетесот, пред сите нас кои што живееме со оваа состојба, за нашите деца со дијабетес, се појавуваат нови перспективи, нови можности и опции, нови изгледи дека конечно можеме заедно со институциите на системот, партнерски и со заеднички интерес да креираме и градиме подобар и поквалитетен живот за лицата со дијабетес, особено за децата со дијабетес тип 1.“, се обратија на својата фан страна Баланс МК.

Покрај одличната организација, за овој настан да помине во најдобар ред се погрижија Alikas wedding and event center кои обезбедија кетеринг со неверојатни декорации соодветни за настан од ваков вид во кој се вклучени и најмладите, со надеж дека свеста за овој проблем кој го засега секое семејство ќе биде на сѐ повисоко ниво во иднина.

Покрај организацијата на свадби, настани и свечености, Alikas wedding and event center подготвува кетеринг со вкусна храна моделиран според вашите потреби.

Прегледи:
578
Објавено на:
14.11.2018