Категории

По што се разликуваат дамите и жените без вкус? Естетски детали кои се исклучително важни

Дамите кои имаат стил никогаш нема да ги направат овие модни грешки

Кога ќе споменеме елеганција и префинетост, првата асоцијација секако се французинките. Нивниот беспрекорен стил е заснован врз минимализмот, едноставноста и практичноста, но за добар изглед е важно и тоа што всушност одбивате да носите.
Следните парчиња нема никогаш да ги видите на една стилска дама:

Push-up
За нив и малите гради се сензуални и убави, па носат класични модели на градници или воопшто не ги носат. Французинките не гледаат убавина во масивните вештачки корпи, за нив природниот изглед е клучот на безвременската убавина.

Превисоки штикли
Една стилска дама нема никогаш да ја видите како носи превисоки штикли во кои не може нормално да оди. За дневна варијанта таа преферира мокасинки и чевли со умерена потпетици кои и се удобни и пријатни, додека за вечерни прилики избира класични салонки.

Истакнати брендови
Една стилска дама нема никогаш да си дозволи на себеси да облече парчиња облека со истакнати логоа и брендови како да е билборд. Клучот е во едноставните класични и минималистички парчиња од добар и квалитетен материјал со едноставни принтови.

Хулахопки во боја на кожа
Во светот на модата никогаш не биле прифатени овие видови на хулахопки кои создаваат илузија на голи нозе. Тие немаат никаква практичност а освен тоа изгледаат невкусно и го уништуваат секој стајлинг.

Спортски стил во елегантни прилики
Трендот на носење на штикли и тренерки, патики со елегантна тоалета е едноставно големо –НЕ за стилски дами. Тие знаат во каква прилика што да облечат, тренерките и патиките ги чуваат за во теретана, а фустаните ги комбинираат со елегантни чевли.

Прегледи:
791
Објавено на:
16.11.2019