Категории

Почина Југослав кој вчера бараше помош за да биде приватно лекуван од Ковид-19

Вчера бараше парична помош за приватно да се лекува од Ковид-19, а денеска почина – Југослав Николиќ ја загуби битката со болеста.

Во објавата на неговиот профил, се наведува граѓаните да не донираат повеќе, како и дека уплатените средства на тие кои донирале ќе им бидат вратени во целост.
„Југослав почина од последица на Ковид-19. Ве молиме не уплаќајте повеќе средства, а претходно уплатените средства во полн износ ќе ви бидат вратени по завршување на оставинската постапка. Бог да го прости“, стои во објавата.

Jugoslav pocina od posledica na Covid 19.Ve molime ne uplacajte povece sredstva,a prethodno uplatenite sredstva vo poln…

Posted by Yugo on Friday, November 6, 2020

Пред неполни 24 часа објавата на Југо со која бара помош, стана виртуелна на социјалните мрежи.

Драги мои роднини, пријатели и сите што ова ќе го прочитате, Дојде момент да немам друг избор и помош да барам јавно. Јас сум Југослав и сум пациент на клиниката за белодробни заболувања во комплексот Мајка Тереза, позитивен на КОВИД-19 и со лоша клиничка слика. Се борам за секој нареден здив, вода пијам голтка по голтка со многу вложен труд и болка бидејќи грлото ми е во рани од кашлица и исплукување крв. Клиниката е преплавена со заболени, лекарите и сестрите борци се борат како последните упорни херои, жртви на воен фронт. Секој ден се плашам дека можеби ова е мојот последен ден на овој мил свет. Моите сестри веќе заминаа од светот на живите, а јас секој миг се плашам дека мајка ми ќе остане и без последното чедо кое што не успеа да остави ни внуци позади себеси. Сметам дека клиниката неможе да ми ги пружи идеалните услови за мојот организам ги има сите шанси за борба па одлучив да Ви се обратам Вам за помош. Хуманитарните луѓе од млекара Бучен Козјак веќе помогнаа со голем дел од средствата кои ми се потребни да се лекувам на приватна клиника каде што сметам дека медицинскиот тим може да ми пружи подобри шанси за живот, но ми недостасуваат уште 9000 евра за да примам озонска терапија и крвна плазма и да ја продолжам борбата со нови сили, напиша Југо.

 

Драги мои роднини, пријатели и сите што ова ќе го прочитате,

Дојде момент да немам друг избор и помош да барам јавно….

Posted by Yugo on Thursday, November 5, 2020

Прегледи:
676
Објавено на:
06.11.2020