Под костимот се крие тажна вистина: 70-годишен прегладнет слон учествува на фестивал!

Се појавија навистина вознемирувачки слики од слон кој учествува на фестивал во Шри Ланка. На сликите најпрво може да се види слонот кој е облечен во костим за да се скрие неговото измачено тело. 

Фотографиите првично беа споделени од страна на добротворна група за животни од Азија, наречена „Фондација за зачувување на слоновите“. Фондацијата ги повика своите следбеници да му се обратат на премиерот на Шри Ланка, барајќи „да се стави крај на оваа суровост“.

Овој слон чие име е Тикири е дел од фестивалот секој ден од рано наутро вечер до доцна во ноќта, соочувајќи се со бучава, огномет и чад “, напишале од фондацијата на нивниот онлајн пост. „Никој не ги гледа потешкотиите со кои се соочува додека ги влече нозете. Секоја вечер е приморан да оди километри, за луѓето да се чувствуваат благословени за време на церемонијата “, продолжува постот.

Ова е еден од најстарите будистички фестивали во Шри Ланка, кој трае во јули и август. Портпарол на будистичкиот храм, изјавил дека животните секогаш се згрижени за време на овие фестивали. Исто така, додал дека обезбедиле ветеринар за да ја провери состојбата на Тикири, но не изнел други детали за состојбата на животното.

Според Светската фондација за животински свет, бројките на азиските слонови се намалиле за најмалку 50% во последните три генерации, а таа бројка од ден на ден расте. Се проценува дека во дивината остануваат само 40.000-50.000, а видот е класифициран како загрозен.




Коментари

коментари