Подарете му на вашето лице маска од вишни! (РЕЦЕПТ)

Често козметичките производи се на база на вишна, а тоа е затоа што вишната е извор на витамините од групата Б, магнезиум, калиум, фосфор, јод, калциум и бакар. Сите тие ја негуваат кожата.

Се препорачува често да се прави маска од вишни за нега на кожата.

Потребни состојки:

  • една рака вишни
  • лажичка мед

Измиените и исчистени вишни изблендирајте ги и измешајте ги со медот. Маската ставете ја на исчистено лице и почекајте најмалку 10 минути, а потоа исплакнете со млака вода и нанесете крема.


Ако патите од сува кожа додадете и лажица кисело млеко, затоа што тоа ќе ги нахрани порите.
За масен тен, додадете лажица лимонов сок.




Коментари

коментари