Супер брз и прекрасен рецепт за вкусен појадок. Подготовката нема да ви одземе повеќе од 10 минути, потоа треба само да се испече и да уживате во оброкот.
Потребни состојки:
- 1 филџан од 250 мл.
- 2 филџани брашно
- 4 лажици ладен путер
- 1.5 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 филџан кисело млеко
- сол
- 400 гр. салама
- сирење по желба
Подготовка:
1. Во брашното додадете го исецканиот путер, прашокот за пециво, сода бикарбона, кисело млеко, сол. Замесете тесто.
2. Тестото ставете го на набрашнета површина и со рацете тапкајте го додека не добиете форма на квадрат.
3. Преку тестото рамномерно распоредете ги саламата и сирењето.
4. Направете ролна од тестото и со нож исечете ја на малку подебели парчиња (како кога сечете ролат).
5. Печете во загреана рерна на 190 степени околу 20-25 минути.
Пријатен апетит!