Подгответе го вашето дете за иднината и насочете го да го открие својот талент!

Замислете училиштата навистина да им помагаа на вашите деца уште од рана возраст да ги спознаат своите можности со тоа што ќе ги откриваат нивните таленти? Да ги унапредуваат нивните вештини цели 12 години наместо да ги пратат истите рутини од пред 50 години и да ги остават збунети кога ќе се судрат со реалниот свет? Сѐ би било многу поедноставно кога вашите деца би биле подготвени за иднината, особено земајќи го в предвид фактот што живееме во време на огромен подем на технологијата.

За таа цел, STEM (Science, Technology, Engineering, and Math) програмата на LEGO® Education од вашите деца прави креатори, решавачи на проблеми, иноватори и пронаоѓачи. Изложеноста на децата на едноставни STEM идеи на рана возраст денес поставува основа за повисоко учење утре. И сето тоа низ забавни и разиграни обуки.

Обуките ќе се одржуваат од септември во просториите на „Opera House Hotel“. Дотогаш следете ги сите новости за новата Robo Academy во партнерство со Колев Комуникации, AKETH Innovation Robotics Lab и STEMIC.

Повеќе информации на телефонот +38975 479 047, Facebook inbox и info@kolev.com.mk.




Коментари

коментари