Подгответе се за незаборавно лето: Наскоро се отвора Градиште 2 – Summer Beach Club!

Ова лето имате уште една причина плус зошто да го посетите македонскиот бисер – Охрид. За помалку од еден месец, на 7. јуни се отвора Градиште 2 – Summer Beach Club, местото кое ќе ви овозможи сѐ што ви е потребно за одмор, нови летни авантури, многу музика и уживање.

Добропознатиот менаџерски тим од Кафе Бар Ало Ало од своето создавање прерасна во синоним за места со најдобрите забави во градот со одлична атмосфера и квалитет кој создава лојални и верни посетители. Традицијата создавана низ годините отсега се пренесува на една нова локација, на плажите Градиште во Охрид.

Во текот на целиот летен период, ве очекува музичка агенда која ќе биде прилагодена за сечиј вкус. Дневни забави, пена парти, Ди Џеј сетови, конги, акустични бендови се само дел од репертоарот во кој ќе уживате ова лето на Градиште 2.

Летото сите го чекаме со нетрпение, а сега имате уште безброј причини да го изберете Градиште 2 – Summer Beach Club за ваша летна дестинација. Менаџерскиот тим е подготвен да одговори на сите ваши желби и потреби во секој период од денот. Капацитетот на плажите нуди одлични можности за уживање и релаксација, како и незаборавна забава. Првото утринско кафе во комбинација со омилениот појадок, семејниот ручек, како и забави до раните утрински часови со многу познати бендови и диџеи.

Потрагата по совршената летна дестинација за одмор и забава започнува и завршува на една локација – Градиште 2 – Summer Beach Club. Подгответе се за безброј незаборавни моменти, многу дружење, среќа и љубов во прекрасна атмосфера на плажите Градиште и искористете ги сите убавини кои ви ги нуди ова лето!




Коментари

коментари