Чек дис аут
Search


Подгответе вкусни њоки: Оброк за целото семејство! (РЕЦЕПТ)

За подготовка на овие њоки ќе ви биде потребно малку труд, а семејството ќе ви биде благодарно за вкусниот оброк.

Состојки:

  • 1,4 кг компири
  • 500 гр брашно
  • 2 јајца
  • сол

Подготовка:

Компирите измијте ги и ставете ги во голем сад наполнет со студена вода. Сварете го, исцедете го и почекајте малку да се олади, а потоа излупете го. Изрендајте го компирот, додадете јајца и постепено ставајте брашно. Месете со рацете додека не добиете убава смеса.

Истегнете долги ленти со размер до 2цм и исечкајте ги њоките. Побрашнете ги оставете малку да отстојат, а потоа сварете ги во солена вода. Извадете ги кога ќе испливаат на површина, процедете, потопете ги во ладна вода и повторно процедете.

Со малку масло на прстите распоредете ги на сува површина. Може да ги послужите веднаш и внимателно преместете ги во кесички и замрзнете ги.




Коментари

коментари