Категории

Поглед во селото каде луѓето живеат по 100 години

Дали во ова кинеско село се крие тајната за долговечност? Во областа Бама во Кина се наоѓа село во кое луѓето живеат подолго од 100 години. Токму затоа селото стана туристичка атракција, пишува National Geographic. Во што се крие тајната за долгиот живот?

Можеби во здравата исхрана, чистиот и незагаден воздух или животот без стрес? Луѓето од големите градови доаѓаат во Бама да ги видат луѓето постари од 100 години. Еден 118-годишен старец со години јаде само зеленчук, а избегнува месо, открива неговиот 87-годишен син. Друг открива дека јадат само храна што ја одгледуваат. Според едно кинеско истражување, неколку геолошки фактори допринесуваат за долговечност, како генетиката, општествениот фактор и најважно, животната средина.

Прегледи:
352
Објавено на:
23.08.2016