Категории

Погледнете го новиот видео запис на Meto di Flash за неговиот втор сингл „Те чекам“! (ВИДЕО)

После позитивните критики за неговата прва песна „Да не е млако” од  Meto di Flash, доаѓа неговиот втор сингл насловен како „Те чекам”. Нумера во модерен динамичен фанк стил.

Катактеристично за новата песна, за која што тој ги напиша музиката и текстот, е што соработува со повеќе музичари преку интернет од различни држави. Главното студио е во Струга, кај него, каде што покрај неговиот глас и гитара пејат Марија Мечкароска и Владимир Нестороски. Од скопско студио на Стефан Петаноски, Ѓоле Максимовски свири бас, а пее Ана Петаноска. Во Америчко студио саксафонистот Tommy Leb снима брас секција, додека во Варшава, Полска, Зоран Кречо прави мастеринг на траката.
Видеото е во продукција на “Flash Production” од Струга и претставува журка во Охридскиот Скејт Парк која покасно се префрла низ охридските улици каде што своите лудории и вештини ги претставува скејтерот Мартин Ристевски.
Meto Di Flash е актуелен низ целата држава со неговите лајв караоке настапи по познатите кафулиња и клубови. Се надева дека и оваа песна ќе наиде на добар прием кај неговата публика и нема да застане тука, ќе се труди редовно да ги изненадува со нова песна и видео.
Видео промоцијата е на YouTube каналот и се наоѓа на следниот линк:

додека во директен контакт со неговата публика со секој негов настап непосредно најдобро ќе ја испромовира неговата нова песна и видео запис.
Прегледи:
686
Објавено на:
09.03.2020