Погледнете го видео спотот на Бигорски за првата великопосна песна „Сега е Свет и Велик Пост“

Изминатиов период во Бигорскиот манастир, изработен е нов видео запис за првата великопосна песна (каланда) со наслов “Сега е Свет и Велик Пост“.

-Она што е најинтересно е тоа дека овој видео спот преку своето сценарио раскажува една несекојдневна приказна, блиска до мијачките обичаи, со која веруваме ќе се гордее целиот православен народ од нашата земја, а особено Мијаците, односно сите оние кои живеат или потекнуваат од познатиот мијачки крај.
Песната во спотот ја изведува верниот чувар на нашата културна традиција, Ансамблот „Македонија“, велат од Бигорскиот манастир.




Коментари

коментари