Категории

Погледнете ја ревијата на Ели Сааб: Овие тоалети се вистинско совршенство! (ФОТО)

На Модната недела во Париз синоќа својата нова колекција на свечени тоалети ја претстави прочуениот либански креатор Ели Сааб. 

Неговото име одамна стана синоним за женственост и елеганција кога станува збор за модата, па поради тоа вљубениците во модата имаа можност да уживаат во неговата ревија.

Модниот креатор кој на прво место ја става убавината на женското тело, вечната елеганција и суптилниот сексапил, со новата колекција на висока мода уште еднаш ја потврди својата титула на омилен креатор на светското модно небо.

Прегледи:
146
Објавено на:
27.01.2022