Погледнете како децата го доживуваат спортот преку креативни цртежи

Љубовта кон спортот се стекнува уште од најмала возраст. Потребата од физичка активност и водење здрав живот доколку се пренесе на детето, тоа сигурно ќе придонесе за развивање на една здрава личност, со изградени здрави навики.


Детскиот ум во себе носи неверојатна креативност, а детското око ги забележува и најмалите детали кои често се невидливи за возрасните. За негување на здравиот живот преку спортот и здравата исхрана, од особено значење е проектот „Европска недела на спортот во Македонија“ за кој цртаа децата од 4 основни училишта и 4 градинки низ приказна за лично доживување на спортот. Град Скопје, Општина Кисела Вода, Општина Чаир и Општина Карпош учествува во оваа изложба.

Погледнете како изгледа спортот во очите на најмладите.

Од особена важност за реализација на овој проект е поддршката од учителките и образовните установи кои помогнаа пораката за позитивното влијание на спортот, здравиот живот и физичката активност да допре до најмладите и да се пренесе на вистински начин.

Воведувањето на овој проект во Република Македонија на локално ниво ќе овозможи квалитетни активности со вредност и одржливи исходи кои ќе ја продолжат #BeActive пораката во земјата. „Европската недела на спортот“ ќе се случува низ цела Европа, а во текот на целото лето ќе се одржат многубројни активности во знакот на спортот и здравата храна.

 

Поддршката на Европската комисија за изработка на оваа публикација не претставува одобрување на содржината која ги одразува ставовите само на авторите, а Комисијата не може да биде одговорна за каква било корист што може да се направи од информациите содржани во неа.



Коментари

коментари