Погледнете како изгледа луксузниот дом на актерот Том Круз (ФОТО)

Славниот актер е горд сопственик на новиот апартман во Clearwater, Florida кој се наоѓа во непосредна близина на Меѓународното седиште на Саентолошката црква. Круз се одлучил да се пресели на Флорида бидејќи наводно таа му нуди поопуштен живот од оној во Беверли Хилс.

Пространиот апартман има приватен влез со дигалка за автомобил, сопствена гаража во која собира девет возила, а се простира на два ката од зградата. Станарите на зградата имаат на користење голем базен, салон и игротека за деца. Зградата е уредена според замислите на богатиот мексикански саентолог Моисес Агами.




Коментари

коментари