Категории

Погледнете како изгледа Попова Шапка утрово

Прогнозите се исполнија, студениот бран пристигна во Македонија. Друри и градовите се со снежна покривка, а може да замислиме како е на планините. 

Преку овој линк можете во секое време да видите како изгледа Попова Шапка, а таму во моментов е вистинска снежна бајка.

Прогнозата беше дека од денес нашето подрачје ќе биде под влијание на студена воздушна маса која ќе предизвика облачно и студено време со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд, информира УХМР.

Можна е изолирана појава на замрзнат дожд, а на повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 л/м2, а во североисточниот дел и над 20л/м2. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми.В петок сеуште ќе има повремени од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат. В сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег.

Исто така и викендот не очекува студено време, во сабота и во недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од -4 до 1 степен. Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога ќе има локални врнежи претежно од дожд.

Прегледи:
435
Објавено на:
22.03.2018