Категории

Погледнете како изгледа телото на човекот кој пливаше 163 км за 55 часови

Од рана возраст, Маартен ван дер Вајден од Холандија е познат како талент кој ветува. Сепак, на почетокот на кариерата, тој се соочи со предизвик кој можеше да значи крај. На само 19 години, на Маартен му бил дијагностициран рак. Прогнозите на лекарот не биле ветувачки и му било соопштено дека има многу мали шанси да ја преживее леукемијата.

Но, Маартен го докажал спротивното. Не само што го победил ракот, тој се вратил на пливањето само 2 години по дијагнозата. На изненадување на сите, тој успеа да ја продолжи кариерата во уште подобар правец, освојувајќи златен медал на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.

Повеќето спортисти се познати по тоа што го даваат својот максимум и Маартен не е исклучок. Неодамна пливачот се обиде да исплива 200 километри (120 милји) на Елфстедентохт во Холандија. Причината за овој настан беше да се соберат средства за борба против ракот, причина која го засегнува Маартен. Маратонот требаше да трае 3 дена, вклучувајќи многу кратки одмори. Сепак, при пливањето, Маартен не се чувствуваше добро, поради тоа што водата беше премногу ззагадена за да продолжи. Тој успеа да исплива 163 километри за 55 часа.

Погледнете како изгледа неговото тело пред и по мартонот.

Прегледи:
369
Објавено на:
27.08.2018