Категории

Погледнете како изгледа внукот на кралот на рокенролот Елвис Присли

Елвис Присли одамна замина од овој свет – на 16 август 1977 година. Покрај песните што траат со децении, тој зад себе ја остави и ќерката Лиза Мери Присли, која има четири деца.

 

Broke the rules, then broke the records. #TheKing #Elvis

A post shared by Elvis Presley (@elvis) on

Дедото немаше среќа да ги запознае, но сигурно ќе се гордееше со своите три внуки и со внукот, кој многу личи на него.

Имено, 25-годишниот Бенџамин Кио, и покрај големата физичка сличност со славниот дедо, како и фактот што некое време се занимаваше со музика, сепак, не остана на тој пат, бидејќи, колку што е познато, сака да се занимава со сликарство.

Извор : Убавина&Здравје.мк

Прегледи:
352
Објавено на:
13.03.2018