Погледнете како изгледаат луксузните апартмани во Скопје со волшебен панорамски поглед на градот

Живееме во секојдневие исполнето со стресни ситуации, обврски, рокови, одлуки. Во трката со времето честопати забораваме на самите себе, на своите потреби како и на оние кои најмногу ни значат.

Тоа што навистина му е потребно на секој од нас е одмор од секојдневната рутина и полнење на батериите, а за тоа не е доволен само годишниот одмор. Тоа што ни треба е место кое ги нуди сите поволности и услови за одмор и релаксација, а сепак е блиску до дома и може да се посети секогаш кога ќе почувствувате дека е време за вистинско уживање.


Во нашиот град постои место кое нуди луксуз, комфор и врвна удобност, а оддалечено е само 5.5 км од центарот на Скопје. Токму овде е создадено совршеното прибежиште од секојдневието. Местото кое претставува зрак светлина над градот – Villa Lumiere.

Во зависност од вашите желби и потреби, во Villa Lumiere може да уживате во еден од трите deluxe апартмани, приватните сауни и џакузија, како и во летниот базен. Покрај одличниот амбиент, совршениот ентериер и целокупниот софистициран изглед на вилата, она што го надополнува целосниот впечаток е неверојатната панорамска глетка на Скопје.


Бидете и вие дел од најсветлото место во градот и уживајте во услугите кои ги нуди Villa Lumiere, бидејќи вие го заслужувате тоа.




Коментари

коментари