Категории

Погледнете како оваа девојка го заменила поранешниот дечко од заедничките слики

Фотографиите се спомени кои ни помагаат да зачуваме некои од најдобрите искуства од нашиот живот. Но, што ако некои од твоите најдобри слики вклучуваат некого или нешто што сакате да заборавите? 

Една 19-годишна девојка се справила со овој проблем на многу интересен начин. Бејли Вудворд неодамна раскинала со своето момче. Тие искусиле многу патувања и убави времиња заедно. Освен момче, тој бил и нејзиниот најдобар пријател.

Гледајќи ги заедничките фотографии, се чувствувала тажно навраќајки се на многубројните моменти и авантури. Нејзиното паметно решение било едноставно. Фотошоп! Вудворд вели дека сликите се премногу прекрасни и незаборавни за да бидат избришани. “Тешко беше да ги гледам сите тие слики од такви прекрасни места со него во нив”. “Па поради тоа, ликот од своето момче таа го заменила со Зак Ефрон.

Прегледи:
385
Објавено на:
23.01.2018