Погледнете како овој газда ги награди своите вработени со автомобили, станови, дијаманти… Постојат ли вакви газди во Македонија?

Еден индиски трговец со дијаманти од индиската држава Гуџарат им подарил нови автомобили, станови и дијамантски накит на своите вработени како награда за нивната лојалност, пишува BBC.

Савџи Долакиа, кој управува со компанија за извоз на дијаманти во Сурат, подарил 491 автомобил, 200 станови и 525 дијамантски ѓердани во пресрет на Дивали, фестивал на светлината што се прославува во четврток.

Повеќе од 1.200 вработени од вкупно 7.500 биле наградени. Неговата компанија Hrishikesh Exporters е една од најголемите компании за извоз во Сурат и има канцеларии во САД, Белгија и Кина.

„Оваа компанија прави профит поради вас. Ако вие сте среќни тогаш и понатаму ќе има прогрес и ќе одиме напред. И вие треба да уживате од профитот“, Долакиа им се обратил на вработените.

„Нашата среќа нема крај, годинава компанијата им подари автомобили на оние што претходно добиле стан или златен накит, домови на оние кои претходно добиле автомобил или накит“, изјавил Нарешбај Маини, еден од вработените награден со дијамантски накит, додавајќи дека минатата година бил награден со автомобил.




Коментари

коментари