Погледнете како за 3 дена близначките успеале да се ослободат од акните

Близначките кои направија успешна кариера на YouTube, откриле како ги излечиле болните и отечени акни кои ги мачеле и тоа само со помош на промена на исхраната. Ова е нивната тајна. Нина и Ранда Нелсон (22) пораснале на вегетаријанска исхрана и со самото тоа избегнувале производи од животинско потекло, месо и млечни производи кои се познати по тоа што предизвикуваат бубуљици и масна кожа. Го завршиле средното училиште со ниту еден проблем на лицето, но кога наполниле 20 години, се тргнало на лошо.

Пролетта 2014 година, кога наполниле 20 години, Нина и Ранда за прв пат се сретнале со болните цистични акни. Следните месеци ги пробале скоро сите можни методи за лекување, од лосиони, лекови и антибиотици во консултација со дерматолозите, но ништо не давало резултат.

Овие млади девојки, кои инаку се занимаваат со глума и пеење, целосно ја изгубиле нивната самодоверба поради состојбата која им се случила. Ги пробале сите можни методи и им било кажано дека им преостанала уште единствената алтернатива, еден многу силен лек, кој е познат како чудотворен. Но, конзумирането на овој лек предизвикува последици како што се губење на коса, сува кожа, а се поврзува и со благ облик на депресија.

Не сакале да ризикуваат со овој лек и знаеле дека остои друга алтернатива. Знаеле дека клучот е во тоа што внесуваат во својот организм, но затоа што веќе биле вегетаријанки, не знаеле што би требало да променат.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=5Qdwn2itsgg[/tube]




Коментари

коментари