Погледнете за каде се подготвуваат ДНК, Џамбо Агушев, Лоба, Ван Гог и Eye Cue! (ВИДЕО)

Наскоро Скопје ќе добие нов урбан звук, создаден од повеќе од 70 изведувачи кои ќе се погрижат љубителите на музиката да се забавуваат пет денови на двете сцени во спортскиот центар Борис Трајковски.

 

Од 29.мај до 2.јуни ќе се одржи спектакуларниот музички фестивал ЕНТЕРФЕСТ. На сцените во внатрешниот и надворешниот дел на спортскиот центар Борис Трајковски, ќе настапат најпознатите музички имиња од регионот и од нашата земја.

Дел од изведувачите кои ќе се погрижат за одличната атмосфера се ДНК, Џамбо Агушев, Викторија Лоба, Ван Гог и Eye Cue.

Погледнете што имаат да ви порачаат тие:





Билетите се веќе во продажба, и тоа по цена од 990 денари за петдневен влез на фестивалот. Истите може да се купат онлајн на MkTickets, нивната продажна мрежa, како и во локалите на Trend Caffe , Next Bar & FoodMr.JackCali Café , Kalabalak Park, Custom Pub во Скопје и Bar Cube, Министерство и Бар Трговски во Куманово.




Коментари

коментари