Појадок, ручек или вечера: Омлет со тиквички (РЕЦЕПТ)

Овој вкусен и едоставен омлет може да послужи и како лесен ручек или вечера. Омлетот може да биде одличен почеток на денот, особено ако е направен на необичен начин. Израдувајте ги најмилите со комбинацијата од јајца, тиквици и оригано.

Состојки:

  • 500 г мали тиквици
  • сол
  • 2 лажици маслиново масло
  • лажица исечкано оригано
  • 2 јајца
  • мелен црн пипер
  • 1 лажица путер

Подготовка:

Исечете ги краевите на тиквиците, изрендајте ги со најкрупниот дел од рендето и потоа помешајте ги тиквиците со лажица сол и оставете ги така околу половина час. Потоа префрлете ги во цедалка и добро исцедете ги за да ја отстраните вишокот течност. Загрејте маслиново масло во голема тава и пржете ги тиквиците додека не добијат златна боја, 6-7 минути. Додадете го ориганото, тргнете ги од оган и оставете малку да се оладат. Загрејте го путеров во тава, додадете ја смесата со тиквиците и рамномерно распределете ги. Со вилушка изматете ги јајцата со тиквиците, пиперот и уште малку сол. Загрејте го путерот во тава, додадете ја смесата со тиквиците и распоредете ја рамномерно. Печете додека јајцата не се соберат околу рабовите. Потоа намалете ја температурата и ослободете го омлетот од дното на тавата во голема чинија. Поклопете ја чинијата со тавата и заедно свртете ги наопаку, така што печената страна од омлетот ќе биде нагоре. Печете уште неколку минути , а потоа префрлете го омлетот на линија. Оставете малку да се олади, потоа пресечете го на триаголници и послужете го со салата.




Коментари

коментари