ПОКРИЕНА ОД ГЛАВА ДО ПЕТИЦИ, А ТОЛКУ СЕКСИ! ТОА ГО МОЖЕ САМО ЏЕЈ ЛО…

Во фустан, здолниште или шорц, атрактивната пејачка секогаш изгледа прекрасно.

Џенифер Лопез се појави на црвениот килим во блуза и пантолани во нежнорозова боја и дефинитивно воодушеви со својот невообичаен избор.

j-lo-vo-pantolani-promo-02

Познато е дека таа сака да го покажува своето тело, коешто слободно можеме да кажеме дека изгледа совршено, иако има веќе 47 години. Меѓутоа, овојпат таа избрала нешто сосема поинакво.

j-lo-vo-pantolani-promo-03

Елегантната блуза со чипка во пределот на деколтето Џенифер ја вклопила со тесни пантолани во истата боја, а целата комбинација е надополнета со елегантни чевли во боја на кожа и плик-чанта во светло розова нијанса.

Фризурата на Џеј Ло за оваа пригода е опуштена и романтична, а шминката во земјени тонови дополнително ја потенцира нејзинта природна убавина.

j-lo-vo-pantolani-promo-04

j-lo-vo-pantolani-promo-05

Џенифер просто блеска позирајќи со колегите од серијата “Shades of Blue”, покажувајќи дека една жена не мора да биде разголена, за да биде секси.

j-lo-vo-pantolani-promo-06




Коментари

[fbcomments]