Категории

Полната месечина влијае врз расположението и сонот. Вистина или мит?

Кај народот одамна се врежало верувањето дека во текот на полната месечина треба да се спуштат ролетните или да се покријат со завеса прозорите и на тој начин би ја спречиле месечината да свети директно во нас кога спиеме. Иако единствена логична причина за овој “ритуал” е спречувањето на светлината за да не ни го расипе сонот, порано се верувало дека доколку не го направите ова на полна месечина може да се преобразите во вркодлак, да полудите или да доживеете некоја драматична промена во расположението.

Уште во Стара Грција, Хипокрит препорачувал операциите и секакви медицински зафати да не се извршуваат за време на полна месечина, затоа што лошата енергија може да влијае на болниот, но и на докторот. Врежана е претпоставката дека полната месечина предизвикува стрес и преголема чувствителност, па дури и проблемите на работното место во тој период од месецот многу лесно прераснуваат во фрустрација. Од друга страна, пак, новата месечина наводно со себе носи чувство на смиреност: Емоциите се нормализираат, самодовербата се враќа и полесно се прифаќаат туѓите идеи.

Според астрологијата, за време на полна месечина, емоциите се појаки, гледаме многу појасно на нештата и спремни сме за остварување на нови цели. Во прв план доаѓаат односите со други личности, па затоа треба да стоиме на страна од нагли и непромислени постапки и реакции. Многумина во оваа фаза патат од несоница, раздразнетост, што делимично може да се препише на неквалитетниот сон. Освен на луѓето, се верува дека полната месечина влијае и врз животните. Стручњаците велат дека луѓето ја користат зголемената светлина за да ги прошетаат своите миленичиња подоцна во ноќта, што може да им го поремети ритамот и да предизвика агресија и можен напад на други луѓе.

 

Прегледи:
727
Објавено на:
16.08.2017