Полни усни на природен начин: Со помош на овој трик ќе го постигнете ефектот!

Секоја жена сака убави и полни усни. Сепак, за некои естетската интервенција не е опција и затоа бараат алтернативни начини. Еден од нив се постигнува преку природните масла.

Ефект полни усни

Полни усни можете да постигнете со помош на цимет и пеперминт.

  • Една капка масло помешајте со малку балсам и таа смеса нанесете ја на усните.

Имајте на ум дека доколку користите масло од пеперминт може да почувствувате мало пецкање и затоа не треба да претерувате со него, една капка е доволна.

На тој начин ќе го зголемите волуменот на усните некое време, а за да изгледаат свежи и полни, исто така е важно да користите квалитетен балсам кој ги храни и негува. Кога ви е устата сува, делува и потенка и помала.

Ефект поголеми усни со помош на балсам

  • Нанесете го балсамот на усните и потоа ставете моливче во природната боја на усните по нејзината линија. На овој начин усните ќе изгледаат многу поголеми и полни.

Медот може да помогне

Исто така, медот може да ви помогне така што ќе послужи како природен балсам за усните. Ги негува, ги прави помеки и сјајни.




Коментари

коментари