Домашно чоколадо: Полно со ореви, сусам и мед! (РЕЦЕПТ)

Ако не сте љубител на купечките чоколади, направете ги сами.

Потребно е:

  • 4 лажици мед
  • 100 гр. путер
  • 100 гр. чоколадо
  • 50 гр. сецкани ореви
  • 100 гр. бисквити
  • 100 гр. сусам
  • 2 лажици шеќер во прав

 

Подготовка:

Во сад испечете го сусамот малку за да добие крем боја. Медот,путерот и чоколадото ставете ги на оган малку додека не се растопат.

Истурете го растопеното чоколадо во сусамот, додадете ги исецканите ореви, мелените бисквити, шеќерот во прав. Во плех предходно обложен со фолија истурете ја смесата и добро притиснете. Оставете ја неколку часа за да се стегне. Исечете и уживајте во фантастичниот вкус…




Коментари

[fbcomments]