Полжави на лице?! Нова метода за убавина

Луѓето во Тајланд, ако не сите барем женската популација ставаат полжави на нивните лица како нова метода за убавина.Чуден, но сосема природен начин за обновување на кожата и намалување на брчките на лицето, како и чистење на самото лице.Земете го во предвид фактот дека оваа Јужно Азиска држава е прва во светот со сите откритија и истражувања во методите на третирање со масажа и совети за убавина.Од овде потекнува и методата која се повеќе се користи во светот, а тоа е педикирот на нозете со помош на риби со кои се отстрануваат мртвите клетки и се ослободуваат штетните материи од организмот.

Кога се враќале дома, жените кои ги посетувале овие третмани со полжави објаснувале дека се чувствуваат одлично и подмладено.

Се работи за Ескаргот – полжавот кој инаку се сервира по речиси сите француски ресторани како оброк, а во ваквите спа центри луѓето за нив се грижат како за член на фамилијата. Еден третман со полжави кој трае 45 минути чини само 30 $, што во споредба со другите третмани кои чинат 200 $ е многу малку, а сепак е поздраво.

Thailand Snail Slime Massage

snail-massage




Коментари

коментари