Категории

Поминете на улица Македонија и дозволете Wonderlust café & store да ви го разигра секојдневието

Едноличноста на градот која некогаш ја чуствуваме дека постои е нарушена со еден поинаков концепт, кој ни го носи авангардниот дух на европските метрополи на улица Македонија, во Скопје.

Еден поинаков концепт ќе ви го наруши секојдневието, во позитивна смисла, доколку заталкате во Wonderlust – café & store и фрлите поглед во амбиентот, поглед во изложените уникатни парчиња облека и модни додатоци, и тоа од наши дизајнери.

Wonderlust како да има задача да ви ги разигра сите сетила, па покрај убавите скроени дизајнерски парчиња или рачно изработениот накит, ќе ви ги разбуди и сетилата преку уникатни пијалоци. Квалитетен избор на кафе, билни чаеви за секакво расположение и коктели кои ги има само тука.

Тука може да го вкусите едно од најубавите кафиња во градот, а уште поинтересно е тоа што за вас ќе направат и кафе коктели, варијација од класичните чиј вкус ќе ве изненади.

 

Доколку поминувате низ центарот на градот ќе ви понудат несекојдневен почеток на денот со нивните Take’n’Go Combo пакети на кафе + смути, кои за почеток имаат супер промотивна цена, а се совршени за овие пролетни денови.

 

Пакетот содржи кафе, 100% арабика и смути по избор. Одберете меѓу Strawberry Yum Yum (јагода, банана, млеко/вода), Red Jungle (малина, капина, јагода, аронија, банана, млеко/вода), Power Up (урми/аронија, кафе, банана млеко) и Spicy Green (киви, банана, вода). Во градските гужви дозволете си момент за себе. Земете си Take’n’Go Combo со вашиот омилен вкус, бидете во движење, бидете среќни и здрави истовремено.

Прегледи:
470
Објавено на:
12.04.2017