Категории

Понекогаш мораш сам да се искачиш до врвот – И сам да уживаш во погледот

Доаѓаат денови кога едноставно мораш да се спасиш себеси. Мораш сам да го излечиш своето скршено срце. Мораш да бидеш онаа личност која ќе одлучи да го промени текот на својата приказна, и да ја започне одново.

Понекогаш мораш да се разбудиш и да престанеш да луташ наоколу. Мораш да ја побараш сопствената вистина. Да тргнеш во потрага по својата страст, онаму каде што припаѓаш и каде што сакаш твојот живот да биде.

не мораш да чекаш можностите да почукаат на твојата врата и да чекаш некој друг да го спаси твојот живот.

Понекогаш мораш сам да си го скршиш сопственото срце со вистината наместо да живееш во лага.
Мораш да ги оставиш некои луѓе зад себе, да ги заборавиш оние ки ти згрешиле во минатото и да заминеш.
Мораш да се натераш себеси да продолиш понатаму, без да поставуваш прашања зошто некои нешта се одиграле така.. Едноставно треба да сфатиш дека заслужуваш подобро и ситуацијата на кое се наоѓаш во моментот не е онаа каде што припаѓаш.

Не мораш да чекаш на љубов која ќе биде во иста количина како онаа која си подготвен да ја дадеш.
Затоа што на крајот од денот никој не знае што вистински си. Никој не знае кој си кога сите маски ќе паднат, никој не знае што е она што држи буден до доцна во ноќта.
Понекогаш мораш сам да си ја држиш сопствената рака и да се убедиш себеси дека се ќе биде добро.
Нема секогаш да наоѓаш луѓе кои се подготвени да ја искачуваат истата планина со тебе, понекогаш мораш да го направиш тоа сам.
И колку да биде тешко и невозможно, еднаш кога ќе стигнеш до врвот се ќе има повеќе смисла.
Ќе бидеш среќен што си успеал, и дури и ако си единствениот кој ужива во погледот.

Прегледи:
672
Објавено на:
11.10.2020