Чек дис аут
Search

Понекогаш откажувањето од љубовта е чин на љубов – кон себе

Кога ќе сфатите дека се сакате себеси повеќе отколку било кој друг, дека немате право да се откажете од себеси и дека за тоа ви е потребна храброст и сила која ја имате. А ја имате!

Тешко е да го оставите зад себе сето она кое сте го вложиле во односот, а подеднакво тешко е да се откажете од некој кој не ви ги возвраќа чувствата. Некако, секогаш се започнува со чувствата, а завршува со пресметувањето. Можеби чувствата не се доведени во прашање, но сето друго е ите како дискутабилно, после бескрајното собирање и одземање, некако сте во минус – празни и збунети.

Толку нешта сте дале, или имате за да дадете а изгледа дека сето тоа не и е потребно да другата личност, толку нешта губите а што воопшто сте добиле за возврат?
Искуство? Без гаранција дека тоа ќе ве заштити од понатамошните загуби. Чувства? да, изгледа дека сте добиле само чувства – доживување на љубов, радост што сте можеле некому да му се дадете себеси, или барем што сте се почувствувале живи и полни со љубов и способни за давање. Тоа е нешто што не можете да го изгубите, како и да се одвива приказната за оставањето, откажувањето, пуштањето, губењето..

Кога ќе се најдете во ситуација да израчунате дека љубовта не е доволна и дека сето тоа што сте го вложиле или не сте го вложиле, а силно сте сакале – не е вредно за вашиот душевен мир, тоа значи дека се бирате себеси. Вреднувајте се себеси над се. Можеби не сте морале да го искусите тоа на толку драматичен и брутален начин, а сепак, можеби сте морале. Кога љубовта спрема друга личност не е доволна за вашиот однос да опстане или започне, пронајдете ја онаа друга врста на љубов која е доволна да ве спаси вам – љубовта спрема себеси.

Ако го давате она кое најмногу ве исполнува, ставањето на себеси на прво место е најтешката лекција за вас, а затоа е и толку брутална – такви се искушенијата. Такви се изборите на духовното здравје – кога ќе почувствувате дека ќе се разболите и умрете ако останете во ситуација во која се наоѓате, ако не се поместувате, не се откажувате, не пуштате, тогаш не бирате да останете и и да умрете, туку да заминете и да живеете, затоа што сте доволно нормални и сакате да се откажете. Да се сочувате себеси, да се опоравите и да продолжите понатаму.

Кога ќе сфатите дека се сакате себеси повеќе отколку било кој друг, дека немате право да се откажете од себеси и дека за тоа ви е потребна храброст и сила која ја имате. А ја имате!




Коментари

[fbcomments]