Категории

Популарни дестинации за 2018 година

Во последно време области на постудените климатски средини, како што се Исланд, Антарктикот и Арктикот, стануваат сè попопуларни дестинации за шетање на богатите патници.

Студените дестинации стасаа на врвот на листата на најпопуларните патувања. Љубителите на најубавите плажи на светот, сега сакаат нешто поинаку, па се упатуваат кон Аљаска, Антарктикот или Арктикот. Спектаклот на Аурора Бореалис, исто така станува популарен, како и одмори во иглоа или хотели од мраз.

Африка како дестинација се наметнува во секој случај, бидејќи африканскиот сафари е на бројните списоци на желби. Исто така, патниците се повеќе се свртуваат кон вистинско запознавања на земјите – тие сакаат да бидат истражувачи и да се запознаат со локалните култури на дестинациите кои ги посетуваат, а не да бидат само обични туристи кои сакаат да ги видат само најпопуларните работи.

Список на земји кои ќе бидат многу популарни следната година е следниов:

Исланд

Хрватска

Јапонија

Куба

Португалија

Италија

Јужна Африка

Франција

Австралија и Нов Зеланд